Достапни линкови

Иднината на минатото


Македонка Макаровска, студент факултетот за Архитектура „Св.Кирил и Методи“, Скопје

Македонка Макаровска, студент факултетот за Архитектура „Св.Кирил и Методи“, Скопје

Малку ми е тешко да објаснам како тоа што се гради во Скопје не е барок ниту необарок.Тоа е нешто како, кога во Европа се возеле првите коли, a ние сме немале ни пат. И сега кога граѓаните глобално навиваат за електрични автомобили, ние конечно воведуваме и се радуваме на првите автомобили, пишува за РСЕ Македонка Макаровска, студент факултетот за Архитектура „Св.Кирил и Методи“, Скопје

Иднината на минатото, минатото на иднината, иднината во минатото, конечното минато, конечното конечно и стиропор. Тоа е речникот што јас го читам а со кој глаголи новата архитектура на Градот Скопје.
Дека правото на град се заслужува, а не се здобива со самото населување во градот се докажа на неколку наврати и уште толку враќања на назад. Скопје нема граѓански сектор да го заштити. Скопје нема критичка маса. Скопје е само по себе маса.
Значи тоа не е вкусот на граѓаните, зошто за вкус е потребен став, а тоа скоро како да не постои како збор надвор од законодавството. Тоа мислам дека е позитивно во целиот проект – ја дава вистинската слика за “Пази Џони да не го јадеш флека на плоштад” – или како јас ги разбирам стиховите на Мирко Попов е дека Џони ако тоа не те засега лично и ако треба сите да одлучат, нека одлучат сите.

Зошто мислам така и како јас, студент по архитектура, би го објаснила:

Позитивно е дека е вистината

Вистина е дека архитектурата на Скопје денес е белег и слика на реалната ситуација на Скопје денес. Тоа е супер. Архитектурата не е лажна туку директно ја олицетворува сликата на свеста на жителите на Скопје. Значи тоа не е вкусот на граѓаните, зошто за вкус е потребен став, а тоа скоро како да не постои како збор надвор од законодавството. Тоа мислам дека е позитивно во целиот проект – ја дава вистинската слика за “Пази Џони да не го јадеш флека на плоштад” – или како јас ги разбирам стиховите на Мирко Попов е дека Џони ако тоа не те засега лично и ако треба сите да одлучат, нека одлучат сите. А цело време си мислиме дека Сите е некој друг. А вистината е дека не си мислиме, ами знаеме дека сите сме сите.
Засегнати се сите, и уметници и правници и економисти и доктори и сите чија професија денес е доверена на некој со несоодветниот пристап на темата. Индивидуално многу професионалци се сопнати од начинот на работење на денешницата само што во архитектурата е воочливо од далеку и од близу, и ќе остане така некое време.

Негативно е дека не е вистина

Мислам дека се тргна наопаку по изградбата на куќата на Мајка Тереза. Ми се чини дека сите гулаби што ги пратил светот по земјотресот во Скопје, како да имаа прилика да ја видат куќата, и нивната волја за мир и светли денови се зароби во стаклениот гулабарник и престанаа да навиваат за Скопје.

Малку ми е тешко да објаснам како тоа што се гради во Скопје не е барок ниту необарок, ниту ниту. Тоа е нешто како кога во Европа се возеле првите коли, a ние сме немале ни пат. И сега кога граѓаните глобално навиваат за електрични автомобили (или барем се свесни дека има опција, само што државата уште им продава нафта), ние конечно воведуваме и се радуваме на првите автомобили. И наместо да го искористиме глобалното знаење на другите градови ние воведуваме олд тајмери и тоа не фенси туку склопени од разноразни делови, шасии, различни тркала и плус залепена налепница со знакот на церцедес(слично на адибас- увезени од Кина). А, да и бродови.

Мислам дека се тргна наопаку по изградбата на куќата на Мајка Тереза. Ми се чини дека сите гулаби што ги пратил светот по земјотресот во Скопје, како да имаа прилика да ја видат куќата, и нивната волја за мир и светли денови се зароби во стаклениот гулабарник и престанаа да навиваат за Скопје. Заборавивме на улиците Љубљанска, Париска, и на сите градови кои го помогнале Скопје. Во еден здив полека но сигурно ќе се замени споменот на Љубљанска со некој важен датум од историјата на Македонија. Но тоа и не е толку кобно. Еден куп вредни архитектонски и урбанистички дела ни се исто така подарени. Тие вредни дела не смееме да ги нагрдуваме и неписмено да ги преправаме. Денес конечно треба сами да решиме, да дизајнираме, да работиме. Тоа е обврска на секој од нас, секој ден.

Мислењето не е доволно. Тоа е почетокот, да, но ако остане само на мислење, на став, на револт и без концепт, нема да промени ништо. Може илјада влади да паднат но без концепт и обединета волја за подобро се е безвредно.
За крај. За Скопје не ми е жал. Скопје ќе не надживее сите. Ќе се пресели, ќе порасне. Пак во Скопје ќе се слуша добра музика, добар џез, и ако дојде пак Макси Џез пак ќе е преполно и ќе се инспирираме од врвни убавини. Жалам за нас, особено за мене (нас). Архитектите генерација на ова Скопје кои нема да почувстуваме како е да имаш идеја која менува и оди напред. А ќе сетиме како е да треба да преговараш за милиметар квадратен и ќе го намалиме стандардот на живеење на сите нас.

Сакам сите индивидуално и заедно да се бориме професионално за Скопје, да притискаме и да се бориме за повисоки стандарди. Во време на Фолтин, Љубојна и Баклава и ред други убавини во Македонија убаво е да градиме убавини и вредни работи за сите нас.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG