Достапни линкови

Македонија треба да стане членка на НАТО, изјави Кондолиза Рајс


Република Македонија е подготвена за членство во НАТО, а Алијансата мора да остане отворена за нови членки, оцени поранешниот американски државен секретар Кондолиза Рајс во Вашингтон на дебатата „Лидерство: Критичката улога на американската надворешна политика“, организирана од фондацијата „Херитиџ“.
- Јас работев многу напорно на решавањето на прашањето за името на Македонија. Знам дека луѓето се уште се обидуваат да го решат ова прашање, а можеби тоа и ќе биде решено. Но, јас се залагам за интеграција на секоја европска држава која е подготвена, а ми се чини дека Македонија е подготвена, изјави Кондолиза Рајс, одговорајќи на прашање на претседателот на ОМД Мето Коловски за македонските НАТО перспективи.
XS
SM
MD
LG