Достапни линкови

Србија - Сензационализам за настаните во Македонија


Сензационализам и хушкање како изразена карактеристика на дел од медиумите во Србија кои исвестуваат, пишуваат и коментираат за настаните во Македонија, јавува дописникот на РСЕ од Белград Бранка Тривиќ.

Додека дел од медиумите во Србија пренесуваат точни и сигурни информации за злосторството кое ја потресе Македонија, речиси секојдневно може да се најдат и сензационалистички и хушчкачки прилози кои сугерираат на етнички мотивирано злосторство и објавуваат неименувани извори за наводно бегство на убијците кон Косово и даваат непотврдени најави дека Македонците се готват на одмазда.

По повод петкратното убиство, под наслов „Македонија: клучот на убиството е кај тајниот сведок“, државната новинска агенција Танјуг веќе во поднасловот вели дека убијците, „кои веројатно побегнале на Косово“, превиделе очевидец, чиј идентитет е неоткриен со цел успешно спроведување на истрагата.

Весникот „Новости“, пак, повикувајќи се на наоди од сопствени неименувани извори, наводно блиски до истрагата, пишува дека, според доказите од местото на настанот, четворицата убиени млади луѓе во Македонија биле практично егзекутирани од најмалку тројца или четворица добро обучени професионалци. „Новости“ уште пишува и дека покрај пронајдениот автомобил марка „Опел“ бил најден и џип во близина на граничниот премин Блаце.

Се претпоставува, наведува весникот не откривајќи ги своите извори, дека овие возила се користеле по кривичните дела од страна на убијците кои побегнале, можеби на другата страна на границата со Косово.

Под насловот „Запалија албанска куќа“, таблоидот Курир во поднасловот вели: „Македонците подметнаа пожар во куќата на Албанци во селото Радишани во знак на одмазда за убиството“. Цитирајќи неименувани локални аналитичари, Курир наведува дека е клучно убиствата брзо да се расветлат со цел меѓуетничките тензии да не прераснат во граѓанска војна.

Иако истрагата се уште не утврди кои се сторителите на масакрот, овој таблоид тврди дека Македонците сметаат дека одговорни се Албанците.

Најдалеку, сепак, отиде таблоидот ПРАВДА кој известувајќи за настаните во Македонија објави наслов „Македонците сакаат одмазда“ и покрај фактот дека со ништо во текстот таквото тврдење не е потврдено.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG