Достапни линкови

И покрај примирјето, во Сирија продолжуваат борбите


Посматрачи на ОН во Сирија

Посматрачи на ОН во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун изјави дека е потребно зголемување на бројот на посматрачи на светската организација на примирјето во Сирија. Тој оцени дека 250-те посматрачи не се доволни да ја следат состојбата во Сирија, каде што сеуште има борби на некои места. Инаку, и денеска активисти од Сирија јавуваат за борби и за бомбардирања на владините сили врз делови од градот Хомс. Владими извори во Дамаск пак тврдат дека во нападите на бунтовниците во градовите Алепо и Дара, биле убиени 5-мина војници.
XS
SM
MD
LG