Достапни линкови

НАТО ја разгледува стратегијата за повлекување од Авганистан


Архивска фотографија: Самит на министри за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел.

Архивска фотографија: Самит на министри за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел.

Министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на НАТО неделава во Брисел ќе разговараат за стратегијата за воено повлекување од Авганистан. Дводневниот собир кој започнува денеска е отворање на патот за Самитот во Чикаго наредниот месец. Министрите исто така ќе разговараат и за финансирањето на авганистанската армија и полиција по повлекување на НАТО кон крајот на 2014 година.

На состанокот в четврток треба да присуствува и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Лавров и останатите министри на НАТО ќе дискутираат и за антиракетниот систем на НАТО во Европа, на кој Москва остро се спротивставува.
XS
SM
MD
LG