Достапни линкови

Северна Кореја ја отфрли опомената од ОН


Севернокорејската ракета се распадна кратко по лансирањето.

Севернокорејската ракета се распадна кратко по лансирањето.

Северна Кореја ја отфрли опомената од ОН за неуспешното лансирање на ракета. Министерството за надворешни работи за Северна Кореја го оцени гласањето во ОН во понеделникот како „неразумно“.

Пјонгјанг исто така ги критикува САД за укинување на договорот со кој беше предвидено Северна Кореја до добие американска помош во храна во замена за укинување на нуклеарната и ракетна програма. Севернокорејската дипломатија соопшти дека „веќе не е обрврзана“ на договорот од февруари.

Северна Кореја вели дека сакала да ја искористи неуспешната ракета за да однесе метеоролошки сателит во орбитата. Западот, пак, смета дека тоа е изговор за тестирање на ракета со долг дострел, иако ОН му забранија на Пјонгјанг такви тестирања. Ракетата се распадна кратко по лансирањето.
XS
SM
MD
LG