Достапни линкови

Арапските земји ги поддржуваат ОАЕ во спорот со Иран


Арапските земји од Персискиот Залив соопштија дека се едногласни во однос на територијалниот спор меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати. На средбата во Доха, Советот за заливска соработка соопшти дека каква било агресија против ОАЕ ќе се смета за закана за целиот блок.

Спорот е за островот Абу Муса и уште два блиски острови во Заливот. Двете земји тврдат дека островите се нивни, но Иран ги контролира.

Минатата недела, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го посети островот Абу Муса. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Техеран планира да го вклучи островот во иранската туристичка понуда.

Советот за заливска соработка, како и американскиот Стејт департмент, ја критикуваше посетата на Ахмадинеџад и оцени дека тоа „ќе ги комплицира напорите за решавање на ова прашање“.
XS
SM
MD
LG