Достапни линкови

Иран уапсил 15 осомничени израелски шпиони


Архивска фотографија: Иран покажува запленета израелска шпионска опрема.

Архивска фотографија: Иран покажува запленета израелска шпионска опрема.

Иранските медиуми објавија дека властите уапсиле околу 15 ирански и странски државјани осомничени за шпионажа во корист на Израел, обиди за атентат и саботажа. Министерството за разузнавање соопшти дека осомничените припаѓаат на „атентаторска мрежа“ поврзана со Израел.

Се наведува дека иранските разузнавачи ја откриле шпионската база на израелската разузнавачка агенција во една соседна земја. Исто така се наведува дека групата користела израелски дипломатски мисии во западните земји за подготовка на плановите. Според иранските власти, групата имала мисија да „идентификува и убие“ еден од иранските експерти и да бомбардира некоја од постројките во земјата, но не посочија кои биле целите.

Во минатото беа убиени неколку ирански нуклеарни експерти. Од време на време Иран објавува апсење на осомничени шпиони што наводно работеле за Израел или за САД.
XS
SM
MD
LG