Достапни линкови

Палестинскиот премиер ја откажа средбата со израелскиот колега


Палестинскиот премиер Салам Фајад

Палестинскиот премиер Салам Фајад

Палестинскиот премиер Салам Фајад ја откажал средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, која требаше да се одржи во четврток. Причината за таквата одлука се уште не е позната. Израелско радио јави дека Нетанјаху наместо со Фајад ќе се сретне со други претставници на палестинските власти, меѓу кои и шефот на преговарачкиот тим Саеб Ерекат.
На средбата се очекува палестинската страна да му предаде писмо на Нетанјаху со полаки за застојот во мировните преговори, додека израелскиот лидер се очекува да го повтори повикот за продолжување на разговорите без преуслови. Разговорите меѓу двете страни беа прекинати во 2010 година.
XS
SM
MD
LG