Достапни линкови

Медведев ветува дека владата нема да се меша во новата телевизија


Рускиот претседател во заминување Дмитри Медведев

Рускиот претседател во заминување Дмитри Медведев

Рускиот претседател во заминување Дмитри Медведев вети дека владата нема да се меша во работата на новата јавна телевизиска мрежа во земјата. Според него, телевизијата ќе започне со емитување на 1 јануари во наредната година и на почетокот ќе биде финансирана од владата.
Од 2000 година сите национални телевии во Русија се под контрола на Кремљ или од компании блиски до властите. Опозицијата ги критикува властите дека ги замолчуваат критички насторените медиуми и дека манипулираат со јавното мислење.
XS
SM
MD
LG