Достапни линкови

logo-print

Авганистан-150 женски деца се разболеле од загадена вода


Авганистанските власти соопштија дека околу 150 женски деца од едно училиште во северниот дел на земјата се разболеле од загадена вода. Локалните власти ги обвинија оние кои се противат на образованието на женските деца дека намерно ја загадиле водата во училиштето.
Според здравствените работници заболените кои имале мигрена и повраќале се наоѓаат во критична состојба, а други се пратени на домашно лекување. Локалниот предводник на талибанците ја отфрли вмешаноста во инцидентот и додаде дека нивна цел не се деца.
XS
SM
MD
LG