Достапни линкови

Анџелина Џоли именувана за специјален претставник на УНЦХР


Анџелина Џоли

Анџелина Џоли

Високиот комитет за бегалци на ОН соопшти дека холивудската ѕвезда Анџелина Џоли е именувана за специјален претставник на шефот на УНЦХР Антонио Гутиерес. Џоли досега беше амбасадор на добра волја. Според комисијата, Џоли ќе го претставува Гутиерес на дипломатско ниво, кога ќе работи на глобални прашања за бегалците. Актерката во изминатите десет години во име на организацијата патуваше низ светот во посета на бегалските кампови во Ирак, Хаити, Пакистан и други земји.
XS
SM
MD
LG