Достапни линкови

Овчарите со години се дефицитарен кадар. Во Мариово сточарите претежно се стари лица, а нивните синови немаат интерес да подолжат со сточарство.

Иако Македнија се смета за земјоделска и сточарска земја, овчарите со години се дефицитарен кадар. Според статистичките податоци, лани биле пријавени само 18 овчари. Ова им задава сериозни проблеми на сточарите во Мариово, крај каде номадски се одгледуваат 25.000 грла стока.
Имав 180 овци. Јас сакам да го зголемам стадото, но не и децата. Имам двајца синови, едниот реботи во РЕК 30 години. Не сакаат да продолжат, не им се исплатува, многу сме оддалечени од градот.

Сточарите тука претежно се стари лица, а нивните синови немаат интерес да подолжат со сточарство. Така, нема кој да им помага за напасување на стоката, па размилсуваат да ги продадат стадата. Малиот интерес да се биде овчар се должи на тоа што работата е слабо платена, неатрактивна, а до сточарските краишта, како на пример Мариово, не водат ни асфалтни патишта.

„Имав 180 овци. Јас сакам да го зголемам стадото, но не и децата. Имам двајца синови, едниот реботи во РЕК 30 години. Не сакаат да продолжат, не им се исплатува, многу сме оддалечени од градот.“
Од минатата година за првпат се одделуваат финансиски средства за покривање на трошоците за вработување на овчари. Во одредена висина во зависност од бројот на стока што ја имаат овчарите. До 150 овци можат да вработат еден овчар, а трошоците ги покрива државата, ако има повеќе овци уште еден.

„Не можев да ги чувам. Сам бев ги продадов 230 овци и 60 говеда. На работа се децата.“

„Ќе ги уништиме или продадеме. Ќе го соберам татко ми в град, не можам да му помогнам, ја оставив работата во Битола, дојдов овде“, реагираат сточарите.

За да привлече овчари, државата почна да дава субвенции за сточарска плата. Но, ни тоа засега не го зголеми интересот.

„Од минатата година за првпат се одделуваат финансиски средства за покривање на трошоците за вработување на овчари. Во одредена висина во зависност од бројот на стока што ја имаат овчарите. До 150 овци можат да вработат еден овчар, а трошоците ги покрива државата, ако има повеќе овци уште еден. Тоа е начин да се помогне зашто знаеме дека овчарите се дефицитарен кадар, не можат да се најдат. Но со поддршката сметаме дека се повеќе луѓе ќе се најдат и во оваа професија“, вели Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

Со субвенционирањето на овчарите се очекува да се прекрати досегашната практика во земјава да се ангажираат овчари од Албанија, а нашите да чуваат овци во Хрватска и Италија каде работата беше повеќе платена.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG