Достапни линкови

Театарско „окупирање на Драмски“


Театарската претстава „Калигула“ во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Театарската претстава „Калигула“ во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Со „Калигула“ на Зоја Бузалкова и театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, вечерва од 20 часот, ќе започне првата ревија на најуспешните македонски претстави насловена „Окупирај го Драмски“.

По неколкугодишни промислувања, со идеја на едно место да се собере најдоброто од минатогодишната театарска продукција, а сепак да не биде во фестивалски рамки, на Скопје конечно ќе му се случи проектот „Окупирај го Драмски“.
Во однос на селекцијата се одлучивме на идејата директорите да одлучат што е она што ја одбележало годината во таа институција и на кое треба да му се даде повеќе значење.

Театарската претстава „Сексуалните нервози на нашите родители“ во изведба на струмичкиот театар.

Театарската претстава „Сексуалните нервози на нашите родители“ во изведба на струмичкиот театар.

Во рамките на ревијата, сем текстот на Ками виден со очите на Бузалкова и отелотворен од актери како Александар Степанулески, Даниела Ивановска, Никола Настовски, Димитар Ѓорѓиевски и други, ќе бидат прикажани и „Сексуалните нервози на нашите родители“ на Лукас Берфус, во режија на Александра Кардалевска и во изведба на струмичкиот театар, „Онегин“ на Пушкин што на сцената на велешкиот театар го постави Ѕвезда Ангеловска, „Кара Дончо“ на Трајче Кацаров за кој се погрижија Младен Крстевски и актерите на националниот театар од Штип, „Обична приказна“ од Марија Ладо – проект потпишан од Љупчо Ѓоргиевски и Народниот театар од Битола, „Ајде да си речиме уште една“ на Андреј Цветановски и глумците од охридскиот театар и конечно - „Ахасфер“ од Василиј Сигарев, која во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово ја стокми Ненад Витанов.
За да не биде инцидент, сакавме ова да го направиме како систем, ова еднаш годишно ќе се случува. Може концептулано да го менуваме, може следната година да направиме можеби концепт на камерни претстави или концепт на големи претстави.

„Во однос на селекцијата се одлучивме на идејата директорите да одлучат што е она што ја одбележало годината во таа институција и на кое треба да му се даде повеќе значење“, вели Зоран Љутков, уметнички директор на Драмски театар.

Бранко Ѓорчев, пак, првиот човек на оваа наша национална установа, истакнува дека на ваквиот потег се решиле меѓу другото и за да покажат на што се трошат парите на даночните обврзници, без притоа да атакуваат врз буџетот на ресорното министерство. Тој дополнува дека постојат повеќе начини да се изменаџира случувањето, дека на овој начин ќе ја возобноват дружбата помеѓу театарските уметници во земјава и дека нема да робуваат на иницијалниот концепт на „Окупирај го Драмски“.

„За да не биде инцидент, сакавме ова да го направиме како систем, ова еднаш годишно ќе се случува. Може концептулано да го менуваме, може следната година да направиме можеби концепт на камерни претстави или концепт на големи претстави.“

Инаку, покрај оваа ревија за која веќе се бара карта повеќе од главноградските вљубеници во театарската уметност, во Драмски театар се подготвуваат и за дефинирање на уште една, како што велат, благородна идеја. По инцидентните настапи на Венко Серафимов, Драган Даутовски, Жаклина Стефковска и други во изминатите годините, тие најавуваат дека на нивната сцена наскоро еднаш во месецот ќе се случуваат концертни настапи на творци кои на еден или друг начин се поврзани со театарот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG