Достапни линкови

Борачите бркаат последна шанса за Олимпијада


Илустрација: Борење.

Илустрација: Борење.

На македонското борење во слободен стил му се заканува опасност за првпат по 44 години да нема свој претставник на Летните олимписки игри.

На македонското борење во слободен стил му се заканува опасност за првпат по 44 години да нема свој претставник на Летните олимписки игри. Имено, нашиот најтрофеен спорт има непрекината низа настапи на ОИ уште од 1968 година, односно на последните 11 Олимпијади, на кои освоивме и 4 медали, од кои највреден е златниот на Шабан Трстена, пред 18 години во Лос Анџелес.
Доколку би имало голема конкуренција во државно првенство, на изборно првенство на Македонија, доколку би имало по 20 по 30 учесника во една категорија, самата конкуренција внатре на државното првенство си придонесува да има поголем квалитет. Кај нас за жал тоа го нема.

Тие успеси долги години наназад се незамисливи, но сега проблем станува и самото учество, бидејќи на 100 дена пред собирот во Лондон, немаме ниту еден борач со исполнета норма. Тоа на најлош начин говори за речиси дводецениската криза која го тресе овој спорт, што, според еден од нашите најдобри борачи во моментов, Дејан Митров, пред се е резултат на немањето конкуренција на домашната сцена.
Илустрација.

Илустрација.


„Доколку би имало голема конкуренција во државно првенство, на изборно првенство на Македонија, доколку би имало по 20 по 30 учесника во една категорија, самата конкуренција внатре на државното првенство си придонесува да има поголем квалитет. Кај нас за жал тоа го нема“, изјави Митров, еден од тројцата наши олимписки кандидати кој, на ланскиот Мундијал во Истанбул и на минатомесечното Европско првенство во Белград, не си обезбеди пат во Лондон.
Јас сум подготвен, тренираме веќе напорно подолг период што значи дека формата е на високо ниво. Горе - долу ги познавам сите противници кои ќе бидат учесници и, секако, оптимист сум. Мислам дека може да се постигне добар резултат. Да не посака малку спортската среќа, да ни се насмевне ждребот, да ни се погоди денот, тоа е рецептот за успех и пласман на Олимписките игри.

Тој, сепак, верува дека ќе се избори за олимписка виза, за што има уште две шанси. Првата е од утре до недела (20-22 април), на турнирот во Софија, Бугарија, каде што за исполнување на целта, ќе треба да освои едно од првите две места во категоријата до 66 килограми. Митров е свесен дека тоа ќе биде многу тешко, но е и убеден дека ќе стигне до посакуваното финале.

„Јас сум подготвен, тренираме веќе напорно подолг период што значи дека формата е на високо ниво. Горе - долу ги познавам сите противници кои ќе бидат учесници и, секако, оптимист сум. Мислам дека може да се постигне добар резултат. Да не посака малку спортската среќа, да ни се насмевне ждребот, да ни се погоди денот, тоа е рецептот за успех и пласман на Олимписките игри“, рече Митров.

Тој уверува дека нема да подлегне на притисокот, што го носи фактот дека ова му е предпоследна шанса за исполнување на олимписката норма.

„Без разлика уште колку шанси да има, ништо не би можело да влијае негативно врз моето расположение. Се надевам дека ќе се претставам во најдобро издание и мислам дека сме подготвени Македонија да го даде првиот претставник на Олимписките игри во Лондон“, додаде Дејан Митров.

Инаку, во главниот град на Бугарија за олимписка виза ќе се бори и Љуљзим Вранези (до 74 килограми), а третиот наш потенцијален олимпиец, Дејан Богданов(до 84 килограми), поради повреда на рамото нема да настапи во Софија. Олимпискиот сон, тој ќе се обиде да го оствари на последниот квалификациски турнир, од 2-ри до 6-ти мај во Хелсинки (Финска).
XS
SM
MD
LG