Достапни линкови

Чешкиот премиер Петр Нечас во Македонија


Претседателот на Владата на Република Чешка Петр Нечас денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.Чешкиот премиер Нечас ќе има официјален пречек пред зградата на Владате каде потоа ќе има средба со премиерот Никола Груевски. Во рамки на посетата ќе се одржат и разговори на делегациите на Република Македонија и на Чешката Република на кои ќе бидат потпишани договори од областа на транспортот и на здравството.Чешкиот премиер Петр Нечас ќе го прими и Претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG