Достапни линкови

logo-print

Втор ден од судењето на Андерс Брејвик


Андерс Брејвик кој се товари за убиството на 77 луѓе во Норвешка денеска повторно ќе биде изведен пред судот во Осло. На вчерашниот прв ден од судењето тој се изјасни дека не се чувствува виновен. Брејвик рече дека убивањето на тинејџерите претставувало самоодбрана, а не криминален акт. Тој изјави дека се борел да ја спаси Европа од исламот и мултикултурализмот. Аналитичарите велат дека судењето треба да покаже дали тој има ментални нарушувања или свесно ги извршил убиствата. Ако се докаже дека немал ментални нарушувања, треба да се соочи со казна затвор од 24 години.
XS
SM
MD
LG