Достапни линкови

logo-print

Иран ослободи четворица странски државјани


Двајца Руси и двајца Казахстанци кои беа уапсени во Иран на почетокот на месецов се ослободени. Според претходните извештаи, тие работеле за казахстанско-иранската компанија Заркух.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека немало конкретни обвиненија против притворените и причината за нивното апсење не е позната. Руските државјани се наоѓаат во хотел во Техеран и биле во лоша здравствена состојба. Казахстанското министерство за надворешни работи соопшти дека нивните државјани се во добра психичка состојба.
XS
SM
MD
LG