Достапни линкови

Возилото кое го пронајде МВР било на местото на убиството


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

МВР потврди дека автомобилот марка „Опел омега“ со темноцрвена боја пронајден на 10 километри од местото на настанот бил користен, односно било на местото на извршување на кривичното дело кај скопско Смиљковци. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека автомобилот е донесен од странство и е со скопски таблички од друго возило. Таа упати апел до граѓаните доколку некој го видел возилото да ги сподели информациите со полицијата.
Според Јанкулоска, истрагата оди во добра насока, помал дел од податоците се обработени, а за целосна нивна обработка се потребни неколку дена и тогаш ќе излезат со поконкретни информации.
XS
SM
MD
LG