Достапни линкови

Џиабао бара поефективни мерки за спречување на корупцијата во Кина


Кинескиот премиер Вен Џиабао

Кинескиот премиер Вен Џиабао

Кинескиот премиер Вен Џиабао повика да се спроведат поефективни мерки за спречување на корупцијата во земјата. Според него, корупцијата претставува најголема закана за владејачката Комунистичка партија. Тој изјави дека е потребна поголема транспарентност и намалување на концентрацијата на моќта на владините структури.
Коментарите на Џаиабао доаѓаат по одлуката на неговата партија да му го одземе членството на проминентниот политичар Бо Ксилаи, поради сериозни прекршувања на дисциплината.
XS
SM
MD
LG