Достапни линкови

Средношколците се расправаат за девојки


Средношколки од Куманово.
Средношколки од Куманово.

Љубовните и социјалните проблеми се најчестите причини поради кои кумановските средношколци доаѓаат во вербални конфликти.

Љубовните и социјалните проблеми се најчестите причини поради кои кумановските средношколци, без оглед на нивната етничка припадност, доаѓаат во вербални конфликти.
Од секојдневното комуницирање забележуваме дека има напредок. Учениците се запознаени како да ги препознаваат формите на насилството, каде да ги пријават, кој за тоа да биде информиран и од кого да бараат помош и поддршка.
Виолета Богдановска,Одделение за превенција при Секторот за внатрешни работи во Куманово.

По формирањето и преземањето соодветни мерки од Локалниот совет за превенција и работните групи безмалку една година се забележуваат позитивни резултати. Вербалните конфликти завршуваат со совети и помирувања, а намалени се и физичките конфликти надвор од училиштата, велат средношколците, педагошко-психолошките служби и од Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи во Куманово.
Одделение за превенција при Секторот за внатрешни работи во Куманово.
Одделение за превенција при Секторот за внатрешни работи во Куманово.

Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција, за досегашната реализација на овој проект, кој ќе продолжи и во иднина, вели:

Од поголемите конфликти се на пример кога дечко и девојка раскинале, па на „пуш“-пауза некој друг и дал цигара, па зошто и дал. За тоа може и да се степаат, а кога ќе се преземе иницијатива за разрешување на состојбата конфликтот се надминува.
Средношколец.
„Од секојдневното комуницирање забележуваме дека има напредок. Учениците се запознаени како да ги препознаваат формите на насилството, каде да ги пријават, кој за тоа да биде информиран и од кого да бараат помош и поддршка. Проектот е долгорочна стратегија за откривање на форми на наслство во средните училишта, но и за целата заедница. Јавноста исто така е информирана и запознаена, а особено да нема конфликти на меѓуетничка основа.“

За надминување и разрешување на конфликтите, средношколките од земјоделското и економското училиште велат:

„Ни се подобрија многу нешта. Конфликтите полесно ги разрешуваме заедно со одговорните, со педагогот и со директорот. За секој конфликт ние од тимот за безбедност даваме наше мислење.“

РСЕ: За што најчесто се расправаат средношколците?

„Најчесто се вербални конфликтите, а децата се расправаат за најобични работи.“

РСЕ: Колку конфликти до сега разрешивте кои од вербални можат да преминат во физички?

„Од поголемите конфликти се на пример кога дечко и девојка раскинале, па на „пуш“-пауза некој друг и дал цигара, па зошто и дал. За тоа може и да се степаат, а кога ќе се преземе иницијатива за разрешување на состојбата конфликтот се надминува.“

РСЕ: На која возраст најчесто се таквите конфликти?

„Нема одредена граница. Може да биде и од прва и од четврта година.“

Двете средношколки Наташа Николовска и Драгана Величковска, сметаат дека овој проект треба и во иднина да продолжи.

„Се подига свеста кај младите, а конфликтите се надминуваат само со разговор.“

Со ова се согласува и Исен Рамадани, директор во Гимназијата „Сами Фрашери“ на албански јазик и додава:

„Проектот учениците добро го профаќаат, а во однос на минатите години, забележуваме дека има намалување на конфликти помеѓу децата. Овој проект има свое влијание и добри се реузлтатите.“

РСЕ: За што најповеќе децата доаѓаат во конфликт?

„Децата најповеќе доаѓаат во конфликт за девојчиња и поради социјални проблеми.“

РСЕ: Дали социјалните разлики исто така се причина за конфликтите?

„Социјалните разлики најповеќе доведуваат до конфликт бидеќи негативната енрергија која што децата ја носат од дома, ја празнат во училиште. Со разговори и со советувања ги надминуваме конфликтите и во нашето училиште немаме големи проблеми. Најчесто се вербални а најповеќе се за девојчињата“, вели Рамадани.

Меѓуетнички конфликти помеѓу средношколците во училиштата нема, а и надвор од нив се реткост, бидејќи веќе една деценија тие учат во етнички чисти средини.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG