Достапни линкови

Израел-суспендиран воен офицер за напад на про-палестински активист


Израелската армија соопшти денеска дека суспендирала еден воен офицер, бидејќи удрил про-палестински активист за време на протестите во Западниот брег. Во видеото постирано на интернет е прикажано како офицерот Шалом Еиснер со неговиот пиштол удира еден од демонстрантите, кој бил дански државјанин. Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди постапката на офицерот и порача дека таквото однесување не може да се толерира.
XS
SM
MD
LG