Достапни линкови

Соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија


Меѓуграничната соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија.
Меѓуграничната соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија.

Во Дебар се одржа меѓуграничен Форум на граѓанските организации од Македонија и од Албанија.

Меѓуграничната соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија игра значајна улога во продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Воеднo таквата соработка на организациите ја потикнува и климата на разбирање и толеранција меѓу народите, што е битно и за добивањето на проекти од ИПА фондовите.
Оваа активност се одржа во време кога во одредени други места има инциденти и немили настани кои ги нарушуваат меѓуетничките и меѓуверските односи. Но добро е тоа што овој форум се одржува во Дебар каде има традиција на соживот и активна соработка и почитување на различните етникуми и вери.
Александар Кржаловски, МЦМС.

Меѓуграничната соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија.
Меѓуграничната соработка на граѓанските организации од Македонија и Албанија.
Оваа оценка во Дебар ја изнесоа организаторите на првиот меѓуграничен Форум на граѓанските организации од Македонија и Албанија одржан во Македонија, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Албанскиот Институт за демократија од Тирана.
Овие Форуми апсолутно се реализираат во потребно време бидејќи тие, не само во граѓанскиот сектор, туку и во соработката на локалните власти од Македонија и Албанија имаат големо позитивно влијание во зголемувањето на соработката на земјите од регионот.
Сотираќ Хрони, Албански Институт за демократија.

„Оваа е завршна активност по повеќето напори што ги имавме со организациите од Македонија и Албанија. Оваа активност се одржа во време кога во одредени други места има инциденти и немили настани кои ги нарушуваат меѓуетничките и меѓуверските односи. Но добро е тоа што овој форум се одржува во Дебар каде има традиција на соживот и активна соработка и почитување на различните етникуми и вери. Ние покажуваме желба за мир и соработка и се надевам дека и овој Форум ќе придонесе да се надминат актуелните тензии и ќе продолжиме кон патот на заедничка соработка во заедничкиот пат на Македонија и Албанија кон Европа“, изјави првиот извршен директор на МЦМС Александар Кржаловски.

Тој додаде дека самиот факт што на Форумот во Дебар учествувале над 100 организации од двете земји е доволен аргумент за големиот интерес за заедничка соработка на организациите од Македонија и Албанија за добивање на Проекти од ИПА фондовите кои заедно би ги реализирале.

За директорот на Албанскиот Институт за демократија Сотираќ Хрони, меѓуграничната соработка дава ефекти во повеќе насоки, било тоа да е невладиниот сектор или, пак, развојот на соработката на локалните власти од двете земји за реализирање на европски проекти.

„Овие Форуми апсолутно се реализираат во потребно време бидејќи тие, не само во граѓанскиот сектор, туку и во соработката на локалните власти од Македонија и Албанија имаат големо позитивно влијание во зголемувањето на соработката на земјите од регионот. Фактички се дава можност на жителите од пограничните општини да соработуваат и да се развиваат заедно“, нагласи Хрони.

Досега над десетина гараѓански организации од Македонија и Албанија имаат добиено заеднички проекти од ИПА фондовите, а на средбата во Дебар е воспоставена соработка на над 40 организации од двете страни на границата.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG