Достапни линкови

МВР уверува дека убијците ќе се соочат со правдата


Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје на 13 април.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје на 13 април.

Полицијата уверува дека убијците на петтемина кај Смилковското Езеро ќе се соочат со правдата.

Засега нема нови информации за јавноста од Министерството за внатрешни работи околу истрагата за петтемина убиени во атарот на селото Смиљковци. Последните информации од надлежните се дека на десет километри од местото на злосторот е пронајдено возило за кое се претпоставува дека било поврзано со убиството. Досега е утврден профилот на сторителите, но не и нивниот идентитет, а медиумите јавуваат дека денеска ќе се земаат изјави од семејствата на убиените. Познато е дека се пукало од три оружја и три агли. Најпрво биле убиени четирите момчиња, а потоа повозрасниот рибар.
Мислам дека имаме добра криминалистичка техника, добра екипа која ќе ги пронајде и ќе ги толкува.

Секоја истрага мора да има свое начело на тајност со цел да не им се дадат можни сигнали на извршителите на кривичното дело, вели криминлогот и универзитетски професор Владимир Пивоваров.
Револтирани граѓани ја блокираа Обиколницата кај Скопје во знак на протест откако петмина млади момчиња беа убиени во близина на Смилковското Езеро.

Револтирани граѓани ја блокираа Обиколницата кај Скопје во знак на протест откако петмина млади момчиња беа убиени во близина на Смилковското Езеро.


„Сигурно при ваквото кривично дело кое е извршено во Скопје се оставени, како што спомена и министерката, еден голем број на докази. Мислам дека имаме добра криминалистичка техника, добра екипа која ќе ги пронајде и ќе ги толкува.“

По толкувањето на доказите започнува оперативниот дел на истрагата, вели Пивоваров.
Да им порачам на извршителите дека не можат да и избегаат на правдата.

„Меѓутоа во оперативниот дел за жал во моментов Репубилика Македонија е хендикепирана во делот на соработничка мрежа, затоа што ние имавме небулозни закони по однос на бебзедноста на државата. Во 2000 година ги отворивме досиеата, во 2006-та го донесовме Законот за лустрација, така да полицијата е хендикепирана во остварување на оперативни врски, кои токму во оваа завршена прва епапа на увидот ќе треба да се надоградува со оперативни мерки за истиот.“

Потребно е да се ислушаат молбите за намалување на притисокот врз полицијата, вели професорот.

„Затоа што секое избрзано преземање на дејствија може да доведе до погрешни чекори и нарушување на процесот на истрагата.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги уверува граѓаните дека се превземаат најенергични мерки за расчистување на петкратното убиство.

„И да им порачам на извршителите дека не можат да и избегаат на правдата.“

Од странските институции во земјава засега нема дополнителни коментари во врска со случајот. Од Американската амбасада во Скоопје повикаа сите засегнати страни да останат мирни и да се воздржат од шпекулации или неосновани тврдења. Слични пораки во јавноста дадоа и останатите странски претставници и политичките партии.
XS
SM
MD
LG