Достапни линкови

logo-print

Кацин за убиството на 5 - те македонски граѓани


По повод убиството на петтемина граѓани на Македонија во петокот 13ти април, потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за Југоисточна Европа, Јелко Кацин изјави дека свирепото убиството на 5 те македонски граѓани мора да биде што побргу расветлено.
Неопходно е да се утврди кој е одговорен за ова страшно злосторство со што ќе се избегне атмосфера на несигурност и недовербва, наведува Кацин. Македонските лидери и државните органи, порачува Јелко Кацин, мораат да направат се за да се спречи избувнување на етнички судири, бидејки ниту една етничка заедница нема врска со ова злодело. Убијците имаат име и презиме и тие мораат да бидат идентификувани.
Тој ги поздрави досегашните напори на министерката Јанкуловска за истрагата да вроди со плод. Овој страшен злочин е трагичен потсетник колку напредокот во интеграцијата и членството во ЕУ и НАТО му се потребни на македонското општество, се вели во пораката на Јелко Кацин потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG