Достапни линкови

Пролетна офанзива на талибанците во Авганистан


Кабул, 16.04.2012.

Кабул, 16.04.2012.

Денеска завршија 16 часовните борби во Кабул, соопштија авганистанските сили, наведувајќи дека ги контролираат и последните делови каде што милитантите извршија напади. Одговорноста ја презедоа талибанците кои велат дека тоа е почеток на пролетна офанзива.

Странски амбасади, штабот на НАТО и авганистанскиот парламент беа цел на првите поголеми напади во Кабул во изминативе шест месеци.
Ситуацијата се врати во нормала во овој дел на градот. Последните петмина бунтовници забарикадирани во оваа зграда се убиени. Добрата вест е што сите 35 мажи и жени кои се наоѓаа во зградата се неповредени.

„Ситуацијата се врати во нормала во овој дел на градот. Последните петмина бунтовници забарикадирани во оваа зграда се убиени. Добрата вест е што сите 35 мажи и жени кои се наоѓаа во зградата се неповредени“, изјави денеска авганистанскиот генерал Ајуб Саланги.

Властите претходно соопштија дека формирале безбедносен кордон околу централниот дел на градот и побарале од граѓаните да останат во домовите.

Околу 32 бунтовници беа вклучени во овие терористички напади и опремени со експлозив на некои стратегиски локации. За среќа сите беа елиминирани и не ги остварија своите цели.
Луфтула Машал, портпарол на авганистанскиот национален директорат за безбедност, изјави дека борби имало и во источните градови Гардез и Џалалабад, како и во други области на земјата и оти биле убиени над 30 милитанти и тројца владини војници, додека десетина други биле ранети.

„Околу 32 бунтовници беа вклучени во овие терористички напади и опремени со експлозив на некои стратегиски локации. За среќа сите беа елиминирани и не ги остварија своите цели“, изјави генерал Афзал Аман од авганистанското Министерство за одбрана.

Тој додава дека терористите сакале да внесат тензии и чувство на страв меѓу граѓаните.

Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците. Машал изјави дека, според разузнавачки податоци, во нападите била вклучена и пакистанската терористичка мрежа Хакани.

Тој додаде дека авганистанската полиција прекинала заговор на милитантите на Хакани за убивање на вториот потпретседател на Авганистан Абдул Карим Халили.

„Авганистанските безбедносни сили уапсија три лица со оружје и експлозив чија цел бил потпретседателот Халили. Заговорот ги покажува намерите на мрежата Хакани“, изјави Машал.

Авганистанските власти наведуваат дека очекувале акции од талибанците, но не и оти тие ќе бидат со таков интензитет и координираност.

Портпаролот на меѓународната мисија ИСАФ Карстен Јакобсон оцени дека со акциите се имало за цел да се привлече вниманието на јавноста, а не и да се постиге некаков воен успех.

„Сега е јасно дека целта беше да се испрати сигнал. Тој би можело да биде дека тие се способни да влезат во градот. Можеби денеска влегоа во градот, но авганистанската национална полиција многу јасно им покажа каде им е местото.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG