Достапни линкови

Првите посматрачи на ОН пристигнаа во Сирија


Првите 6 посматрачи на ОН за прекин на огнот пристигнаа во Сирија каде што новите борби се закана за мирот.
Активистите јавуваат дека градот Хомс и натаму е под оган на владините сили додека пак бунтовниците нападнале полициска станица во областа Алепо. Овие извештаи не можат да бидат потврдени од независни извори.
Обединетите Нации одобрија распоредување на 30 невооружени посматрачи за да го набљудуваат прекинот на огнот кој започна на 12 април.
XS
SM
MD
LG