Достапни линкови

Завршија борбите во Кабул


Завршија еднодневните борби во Кабул, соопштија авганистанските сили, наведувајќи дека ги контролираат и последните делови каде што вчера милитантите извршија напади. Одговорноста ја презедоа талибанците кои велат дека тоа е почеток на пролетна офанзива. Цел на првите поголеми напади во Кабул во изминативе шест месеци беа странски амбасади, штабот на НАТО и авганистанскиот парламент. ,,Ситуацијата се врати во нормала во овој дел на градот,, изјави денеска авганистанскиот генерал Ајуб Саланги. Во нападите, според првичните податоци, имало десетина повредени лица и неколкумина убиени милитанти.
XS
SM
MD
LG