Достапни линкови

Огнострелните рани ги убиле жртвите кај Смиљковци


Полицијата и граѓани на местото на убиството кај селото Смиљковци

Полицијата и граѓани на местото на убиството кај селото Смиљковци

Петмината убиени кај селото Смиљковци починале како последица на огнострелни рани во главите и горниот дел на телата. Обдукцискиот извештај на Институтот за судска медицина покажа дека немало друг вид повреди пред или по нивната смрт. Доктор Билјана Јаневска од институтот изјави денеска дека сторителите користеле оружје со голема пробивна моќ.
Според неа, причината за смртта на жртвите е последица од оштетување на виталните органи.
XS
SM
MD
LG