Достапни линкови

Серија напади на Талибанците во Авганистан


Авганистанската полиција е распоредена низ Кабул

Авганистанската полиција е распоредена низ Кабул

Клучните цели на нападите биле британската и германската амбасада, како и седиштето на НАТО во Кабул. Нападнати се и други градови низ земјата.

Талибанците во координација со други милитантни групи ги организирале серијата напади во авганистанскиот главен град Кабул. Нивниот потпарол Забиулах Мујахид изјави дека клучните цели на нападите биле британската и германската амбасада, како и седиштето на НАТО. Нападната била и зградата на Парламентот на другиот крај на градот, каде вооружените лица биле совладани од безбедносните сили.

​Локалните жители соопштија дека виделе чад над неколку згради и слушнале сирени за евакуација. Потпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Седик Седики за Радио Слободен Авганистан изјави дека борбите во Кабул продолжуваат и дека нема
Полицијата е присутна на местото на настанот и ги замоли луѓето да ги напуштат загрозените реони. Најважното нешто за полицијата е да ги заштити луѓето. Работиме да ги пронајдеме одговорните за напaдите.

извештаи за жртви. Локалните безбедносни сили поставиле и контролни пунктови низ градот. Седики додава дека полицијата и војската го советувала народот да остане во нивните домови.

„Полицијата е присутна на местото на настанот и ги замоли луѓето да ги напуштат загрозените реони. Најважното нешто за полицијата е да ги заштити луѓето. Работиме да ги пронајдеме одговорните за напaдите“, вели Седики.

Талибанците ја презедоа одговорноста и за нападите во Џалалабад, Гардез и Пул е Алам. Нема извештаи за жртви ниту во тие градови.

Во Гардез локалните жители соопштија дека милитантите упаднале во седиштето на полицијата и започнале престрелка со авганистанските безбедносни сили, кои ја опколиле зградата.

Во Пул е Алам, кој се наоѓа во покраината Логар, според извештаите, милитантите окупирале зграда во која имало тим на странски работници.

Авганистанската разузнавачка служба соопшти дека безбедносните сили им се спротиставиле на милитантите, при што борбите завршиле во Гардез и Џалалабад, додека насилството продолжува во некои делови на главниот град. Авганистанската полиција во западниот дел на земјата ги сопрела милитантите кои планирале да извршат атентан врз потпретседателот Абдул Карим Халили. Двајца милитанти притоа биле уапсени со експлозив и оружје.
Нападите во Кабул се првите од таков карактер по престрелката во министерството за внатрешни работи во февруари, кога беа убиени двајца американски советници.

Авганистанските власти сметаат дека активностите на милитантите се нормални по релативно мирната зима, кога им е потешко да се движат наоколу.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG