Достапни линкови

Истрагата напредува, убијците се уште непознати


Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.

Блокада на патот Бутел-Радишани, по убиството на пет луѓе во скопското село Смиљковци.

Дефиниран е профилот на извршителите и пронајдено е возило во близина на местото на убиството.

Истрагата за убиството кај Смиљковци сериозно напредува и дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не се знае нивниот број и идентитет. Ова денеска го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од оперативнииот штаб во Гази Баба. Таа не сакаше да изнесе повеќе детали за профилот на убијците, бидејќи се обработуваат материјалните докази.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

„Колегите кои најдиректно работат на случајот ме информираа дека има сериозен напредок. Профилот го утврдивме, но не би оделе со детали, зашто ни е потребно време да ги провериме материјалните докази собрани на терен. Но и заради комплексноста и заради некои хемиски анализи кои бараат одредено време, вели Јанкулоска“.

Министерката информираше дека е пронајдено едно возило, кое според трагите од вештачењето, има индиции дека било на местото на злосторот. Клучни во истрагата ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои се уште не биле на распит. Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен.

„Не би зборувала за сценаријата со кои јавувањата се совпаднаа, бидејќи нивното јавно елаборирање би ја отежнало истрагата. Меѓутоа, може да се каже дека од нашите сценарија што ги разгледувавме и од јавувањата на граѓаните на телефонот 199 успеавме да отфрлиме дел од тие сценарија и да ги нотираме тие што се најмалку веројатни. Меѓу најмалку веројатните е дека момчињата можеби биле сведоци на друго кривично дело што му претходело на убиството, рече Јанкулоска.“
Причина за смртта кај секој од починатите е директна последица од оштетување на виталните органи. Сите повреди се нанесени со проектили со голема енергија.
Причина за смртта кај секој од починатите е директна последица од оштетување на виталните органи. Сите повреди се нанесени со проектили со голема енергија.

Обдукцискиот извештај на Институтот за судска медицина покажа дека петмината убиени кај селото Смиљковци починале како последица на огнострелни рани во главите и горниот дел на телата.Немало друг вид повреди пред или по нивната смрт. Доктор Билјана Јаневска од институтот изјави денеска дека сторителите користеле оружје со голема пробивна моќ.

„Причина за смртта кај секој од починатите е директна последица од оштетување на виталните органи. Сите повреди се нанесени со проектили со голема енергија“, вели Јаневска.

Претходно беше утврдено дека е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG