Достапни линкови

Нема да има српски локални избори во Косово


Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ

Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ

Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ изјави денеска дека Србија нема да организира локални избори во Косово откако добиле негативен одговор од УНМИК. Според него, властите не сакаат да ја нарушат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и да ги стават во опасност Србите кои живеат на југ од реката Ибар.
Богдановиќ порача дека тоа не значи оти српските институции ќе престанат со работа и ги повика општините во северно Косово да се откажат од локалните избори.
XS
SM
MD
LG