Достапни линкови

Притворени про-палестински активисти во Израел


Меѓународниот аеродром во Тел Авив

Меѓународниот аеродром во Тел Авив

Безбедносните мерки на израелскиот меѓународен аеродром се зголемени, поради пристигнувањето на про-палестинските активисти, кои ќе протестираат против контролата на земјата врз палестинската територија. Активистите од „Добредојде на Палестина“ соопштија дека на голем дел од нивните приврзаници не им било дозволено да се качат на летовите од Женева, Рим и други градови, како резултат на листата со нивни имиња која израелските власти им ја доставиле на европските авиокомпании.
Израелската полиција соопшти дека четири лица биле уапсени во Тел Авив и тие ќе бидат депортирани. Според организаторите, околу 1500 лица купиле карти за да присуствуваат на настанот, кој ќе го одбележи и отварањето на училиште и музеј на Западниот брег.
XS
SM
MD
LG