Достапни линкови

Серија напади на Талибанците во дипломатскиот реон во Кабул


Авганистанската полиција оди кон местото на инцидентите во центарот на Кабул

Авганистанската полиција оди кон местото на инцидентите во центарот на Кабул

Неколку експлозии и престрелки се слушнале во централниот дипломатски реон во авганистанскиот главен град Кабул. Експлозиите биле во близина на добро обезбедената зона каде се наоѓаат претседателската палата, амбасадите на САД, Германија, Британија, како и американската воена база и канцелариите на ОН и НАТО. Нападната била и зградата на Парламентот на другиот крај на градот, каде вооружените лица биле совладани од безбедносните сили.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, чија цел биле британската и германската амбасада и седиштето на НАТО. Нема извештаи за повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста и за нападите во Џалалабад и Гардез.
XS
SM
MD
LG