Достапни линкови

Иванов и Груевски- сторителите на убиството да бидат пронајдени


Полицијата по убиството во селото Смиљковци

Полицијата по убиството во селото Смиљковци

Претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски го осудија убиството на петте лица кај скопското село Смиљковци. Иванов им изрази соочуство на семејствата и повика сторителите да бидат пронајдени и казнети. Груевски изјави дека настанот ги погодил сите, но мора да останеме исправени и да продолжиме да се справуваме со предизвиците. И тој им порача на сторителите дека правдата ќе ги стигне.
Иванов и Груевски по свечената литургија во Соборниот храм „Св Климент Охридски“ на сите православни верници им го честитаа Велигден и им посакаа многу здравје, радост, среќа, мир, слога и успех.
XS
SM
MD
LG