Достапни линкови

САД под притисок да ја вклучи Куба во Самитот на двете Америки


Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Венецуела Хуго Чавез на еден од Самитите на двете Америки

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Венецуела Хуго Чавез на еден од Самитите на двете Америки

Лидерите на 33 западни земји денеска ќе учествуваат на дводневниот Самит на двете Америки, при што САД се соочуваат со притисок да ја вклучат и Куба на идните средби. Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос кој е домаќин на самитот изјави дека не е прифатливо Куба да биде изоставена, а боливискиот претседател Ево Моралес го поддржа ставот.
Венецуела, Еквадор, Боливија, Никарагва и неколку мали земји соопштија дека нема да учествуваат на наредните самити доколку Куба не биде поканета. Вашингтон смета дека Куба го нема потребниот демократски кредибилитет за да учествува.
XS
SM
MD
LG