Достапни линкови

Сириските владини сили го нападнале Хомс?


Воен пункт во Хомс

Воен пункт во Хомс

Сириски опозициски активисти тврдат дека владините сили денеска го нападнале централното подрачје на Хомс со минофрлачи и тешко оружје. Информациите не може да бидат потврдени од независен извор. Според активистите синоќа имало борби и во градот Алепо.
Насилството доаѓа по еден ден откако советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за Сирија со која се овластува испраќање на група на набљудувачи во земјата кои ќе го надгледуваат примирјето меѓу припадниците на власта и опозициските бунтовници.
XS
SM
MD
LG