Достапни линкови

САД-суспендирани тајни агенти поради проститутки


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американската тајна служба соопшти дека суспендирала 11 нејзини агенти кои биле на задача во Колумбија, поради посетата на претседателот Барак Обама на земјата. Тие се суспендирани бидејќи се дружеле со проститутки. Асистент директорот Пол Морисеј изјави дека поради природата на обвинувањата и нулта толеранцијата за нивното однесување тајната служба се решила да преземе мерки.
Обама во Колумбија ќе присуствува на Самитот за двете Америки.
XS
SM
MD
LG