Достапни линкови

Православните верници го слават Велигден


Велигденско јајце

Велигденско јајце

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.
Празникот е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
XS
SM
MD
LG