Достапни линкови

Избран нов шеф на авганистанскиот мировен совет


Авганистанската влада го назначи Салахудин Рабани за шеф на Mировниот совет. Салахудин го заменува неговиот татко Бурханудин Рабани кој до сега ја извршуваше функцијата. Во соопштението од кабинетот на авганистанскиот претседател се наведува дека седумдесетмина членови на Авганистанскиот мировен совет го избрале Рабани за шеф на телото кое е надлежно за справување со талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG