Достапни линкови

Европратеничката Фајон ги осуди убиствата во Смиљковци


Словенечката европратеничка Тања Фајон, член на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа и известувач за визната либеразлизација за земјите од Западен Балкан, најостро ги осуди убиствата кај скопско Смиљковци. „Длабоко жалам за бруталното убиство на петте лица во близната на Скопје и им испраќам најдалабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите“ пишува Тања Фајон во соопшението до медиумите како рекакција на настаните во Македонија. Таа ги повикува граѓаните да останат смирени и да се воздржат од понатамошни инциденти. Европратеничката испрати апел до властите во Скопје да направат се што е во нивна моќ за да се осигура безбедна средина за сите граѓани на нивната земја и за да се врати веднаш мирот во земјата.
XS
SM
MD
LG