Достапни линкови

Обележување на 100 години од потонувањето на Титаник


Илјадници луѓе учествуваат во активности за одбележување на 100 годишнината од потонувањето на бродот Титаник, кој не ја заврши својата прва пловидба пред 100 години. Своевремено едно од најголемите пловни тела на Земјата се движело на релација од Англија кон Њујорк, кога настанал ударот во санта мраз на 14-ти април 1912 година. Повеќе од 1500 патници и членови на екипажот на Титаник загинале во несреќата. Денеска патниците и членовите на екипажот на бродот Балморал ќе им оддадат почит на загинатите од Титаник на местото на несреќата.
XS
SM
MD
LG