Достапни линкови

ОБСЕ со повик за брза истрага и воздржаност


Имон Гилмор

Имон Гилмор

Претседавачот на ОБСЕ, ирскиот заменик премиер Имон Гилмор ги повика властите во Македонија да спроведат брза истрага за 5-кратното убиство во околината на Скопје, изразувајки надеж дека сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Гилмор истакнува дека им се придружува на апелите на политичките лидери во Македонија и на меѓународните претставници во земјата со кои се повикува на воздржаност од дејствија кои можат да ги зголемат меѓу-етничките тензии.
XS
SM
MD
LG