Достапни линкови

Ем преобемна, ем неефикасна администрација


Илустрација.

Илустрација.

Сервис на граѓаните или место за вдомување на партиски послушници? Секој четврти вработен во државата прима буџетска плата, а постојано има критики дека администрацијата е неефикасна.

Се случи ново чудо, во јавната администрација се вработи човек без партиска книшка. По овој преседан илјадници разочарани македонски административци, останаа затекнати. Тие уплашени за својата иднина во партијата, решија спасот да го бараат во Европа.
Една партија ќе дојде на власт ќе си вработи свои, доаѓа друга партија тие ги отпуштаат и си вработуваат свои, барем тоа го гледаме сите, тоа е јасно како бел ден, јавна тајна е.

Па полека и Македонија влезе во Европската унија, а со тоа и првиот Македонец стапна во европската администрација. Тој си ги вработи сопругата, нејзините роднини и поблиското семејство. Е сега нивната администрација ќе биде партизирана и гломазна. Македонскиот административен сон наскоро ќе се оствари, ќе клати врата во Брисел, со европска плата без да се грижи за тоа дали ќе остане на работа по следните избори.

Продолжува груевизацијата на целокупната македонска јавна администрција. Бројките за новопримените партиски војници во јавната администрација се фрапантни, но тоа очигледно не е доволно, ако не се прошири и надгради со нови привремении вработувања за кои се потрошени милионски суми народни пари.
Не грижете се, ова е само шега, се разбира само делот со сонот на голем дел од граѓаните да се вработат во администрацијата е вистина, а тоа досега го покажале бројни истражувања на невладиниот сектор. Па и во извештајот на Агенцијата за администрација е забележано дека од речиси 300 илјади невработени луѓе, 68 илјади аплицирале за работно место во државна управа.

Партиска книшка - потребен, но не и доволен услов

Но да не избрзуваме со заклучоци и да почнеме со ред, како навистина изгледа да се биде вработен во јавната администрација. Македонија е мала земја па речиси секој од нас слушнал по најмалку една приказна за некој што го познава дека на ваков или онаков начин се вработил или се обидел да се вработи во администрација. Јавна тајна е како завршуваат тие приказни, партиска книшка во рака и чукање од врата на врата за да се добие амин за работно место. Но за ова јавно не се зборува, тоа се муабети кои се водат во меана, на слава или роденден, каде што ќе слушнете дека сега процесот со партизацијата е надграден и проширен, па само да извадите партиска книшка нема да ви биде доволна гаранција дека ќе останете на работното место доколку не се активирате во партијата.

Како и да e, за вакви сведоштва сите сме слушнале. Граѓаните отворено зборуваат за партизираноста на администрацијата.

„Така бараат, ако си партиски определен ќе те вработат, ако не си, нема.“
Ние скоро секој ден доаѓаме во Влада, бараме помош, бараме да не преместат некаде, но обично каде министрите се Македонци не враќаат назад, а каде министрите се Албанци едноставно нема шанси, нема каде да не сместат. И така ние седиме дома, црпиме пари од државата без работа, лежи лебу да те јадам.

„Една партија ќе дојде на власт ќе си вработи свои, доаѓа друга партија тие ги отпуштаат и си вработуваат свои, барем тоа го гледаме сите, тоа е јасно како бел ден, јавна тајна е.“

„И сите компании се поврзани со владата, партијата која е на власт одллучува и за приватните компании, барем за мнозинството, што се однесува до опозицијата и тие имаа свои врски и тие вработувуваа на места каде имаат влијание.“
Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.

Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.


Но нашата потрага по човек што е вработен во администрација за да ни раскаже од прва рака како е да се работи во таква администрација и какво е неговото искуство со партијата, не помина добро. Чукнавме на неколку врати но луѓето се плашат, а истиот одговор го слушнавме секаде: „Мене ли ме најде сега, зошто да ризикувам, имам редовна плата, кој ќе добие нешто добро ако јавно кажам што ми се случило, ќе се смени ли нешто, не верувам“.
Во поглед на јавната администрација кадешто има одприлика 80-90 илјади вработени во однос на вкупната бројка на вработени во стопанството имаме превработеност и не случајно нашиот буџет, шеесет и кусур проценти се употребува за плати, нашиот буџет нема развојна компоненета.

По толку години зборување за проблемите во гломазната и партизирана администрација во јавноста минатата година анонимно за „Еврозум“ зборуваше поранешен административец кој го раскажа своето искуство за тоа како се добива вработување и како се напредува во институциите. Тој вели дека секој кој нема да работи согласно со партиските и личните интереси на оние што се на раководни функции ќе биде деградиран.

„Тогаш институцијата реши да ме острани од многу активности, едноставно бидејќи таму се создаде можност за прераспределба на активностите на начин поразличен од она што по правило би требало да се остварува. Политичката волја е една работа, меѓутоа во некои покрупни случаи до израз доаѓа и личната волја на раководителот и личниот интерес кој може да преовлада.“

ЕУ критикува, партиските војници се „вдомуваат“

Ваквата состојба во администарцијата речиси секоја година добива дипломатски опис во европскиот извештај за напредокот на Македонија. Во последниот извештај на помалку дипломатски начин е опишана недоволната конзистентност при примената на условите во однос на образование или искуство, односно дека одредени услови се направени да бидат по мерка на одредени
За еден да биде преместен од една во друга институција, ако се оди без негова согласност, тогаш треба менаџерот на таа институција да се нафати, значи тој ќе му направи интервју, ако тој процени дека тој не е погоден нема да го презеде во неговата институција. Не е задолжително, не мора, ова е опција, за да се воведе и модерен систем на мобилност во државата. Не е пропишано со закон дека кога ќе се идентификува некои лице како суфицит задолжително да оди во друга институција, не, ќе му се дадат повеќе опции.
кандидати. Слично на ова, забележана е и злоупотребата на привремено вработување на кадар. Ваквите вработувања во многу случаи не соодвествуваат со законот и доведува до сериозна загриженост дека начелото за ангажирање засновано на заслуги и без политичко влијание не се исполнува задоволително, е наведено во извештајот.

Сликовит пример за ова е манекенката која со завршен стоматолошки факултет се вработи во Министертвото за култура. Во конкурсот кој го распиша Министертвото беше наведено дека се бара службеник за соработка за меѓународни организации што треба да има завршено стоматологија. На социјалните мрежи тогаш се вртеа и шегите дека забарката е вработена во министертвото за да излечи непотистички кариес.

Забелешките во извештајот за прекумерното вработување и оваа година не изостанаа во извештајот, а опозицијата се побуни. Ана Павлова Данева од СДСМ на прес-конференција посочи дека привремените вработување се против уставни.

„Продолжува груевизацијата на целокупната македонска јавна администрција. Бројките за новопримените партиски војници во јавната администрација се фрапантни, но тоа очигледно не е доволно, ако не се прошири и надгради со нови привремении вработувања за кои се потрошени милионски суми народни пари. Само за две години колку што имавме информации од надлежните, потрошени се преку 20 милиони евра за околу 5.000 привремени вработувања во јавната администрација.“

Седи дома, земај „рамковна плата“

Додека институциите мака мачат да избројат колку државни службеници се вработени по основ правична застапеност на малцинставата во институциите, Европската комисија нотирала дека само од февруари 2011 до затварањето на извештајот во септември се вработени вкупно 1.600 луѓе со што се заклучува дека се продолжува со трендот на ангажирање на луѓе од малцинските заедници на квантитативна основа без притоа да соодвествува на потребите на институциите. Одговор на прашањето колку пари излегуваат од државната каса за овие вработувања побаравме во буџетските сметки.

Во буџетот за 2011 година евидентирани се 1.145 луѓе вработени во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и оперативните расходи за еден вработен во таа институција годишно изнесуваа околу 8.500 евра. Додека во планираниот буџет за 2012 година за оваа институција предвидени се 1.579 вработени што укажува дека од минатата изборна година па до сега во Сектретаријатот ќе влезат нови 435 луѓе. Разлика има и во парите - годинава е испланирано еден вработен во секретаријатот да ја чини државната каса 4.500 евра годишно.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковен договор, Муса Џафери во едно интервју за Радио Слободна Европа изјави дека мерката правична застапеност при вработувањето не се злоупотребува.

„Јас знам дека во Уставот тоа стои поинаку - дека ќе има позитивна дискриминација на тие етнички заедници кои беа дискриминирани во тој правец. Не се согласувам, бидејќи тоа се споредува со статистички бројки. Ако нашата администрација има 110 илјади вработени, импровизирам чисто како пример, значи не треба да се бара вината кај тие што ја спроведуваат правичната застапеност поради тоа што е уставна обврска, туку имаме друг проблем, дека нашата администрација е преголема, дека треба да имаме некоја реформа. Да не се натпреваруваме во тоа дали ако има 23 проценти застапени Албанци во администрацијата, па дај сега да вработиме уште од останатите етнички заедници, со тоа автоматски го губиме тој процент. За мене тоа е една жива динамика, не можеме да кажеме дека математички стигнавме до тоа и сега сме мирни.“

Минатата година разговаравме со еден административец кој што се пожали дека седи дома и добива плата, но не се чуствува општествено корисен и е свесен дека со тоа им остава лош пример на своите деца.

„Ние скоро секој ден доаѓаме во Влада, бараме помош, бараме да не преместат некаде, но обично каде министрите се Македонци не враќаат назад, а каде министрите се Албанци едноставно нема шанси, нема каде да не сместат. И така ние седиме дома, црпиме пари од државата без работа, лежи лебу да те јадам. Гледаме по министерствата каде одиме има по 150 луѓе со договор на дело, без решение работат значи партиски војници, да бидам искрен и ние сме партиски војници, во ова време партиите вработуваат.“

Според неофицијални податоци, како него има околу илјада луѓе кои земаат плата од државата, но не работат никаде. Нашиот соговорник вели дека за таквата ситуација рамковно вработените не се виновни, но и со нивното вработување не се смениле многу нештата.

Секој четврти вработен е на државни јасли

Но, вкупниот број на вработени во администрацијата и натаму носи мала мистичност, затоа што во земјата на чудата, се е можно на хартија.

Долго време во јавноста се шпекулира колкава е бројката на вкупно вработени административци, за неодамна министерот за информатичко општество и администрација Иво Иваносвки во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека за волја на вистината вработени под државна капа има 118 илјади луѓе.

Па така администрацијата се броеше се броеше и на крај пак не се доброи, а Уставниот суд и направи услуга на Владата, па така ниту 120 илјади, ниту 180 илјади не е конечната бројка на административци. Според последните годишни регистри на државни и јавни службеници администрацијата брои 25.559 луѓе. Односно откако Уставниот суд донесе одлука вработените во здравство, култура, вработените во институциите кои вршат работи од јавен интерес или доверени јавни овластувања основани од општините и градот Скопје да немаат титула службеник, практично избриша 742 институции.

Но бројот на вработени во овие сектори е далеку од мал. Според ставката во буџетот за 2012 година која се однесува на финансирање на дејности од културата, плата треба да земат 2.426 луѓе, што е за 466 вработени повеќе испланирани од минатата година. Кога се во прашање парите, оперативните расходи за еден вработен во овој сектор изнесуваат 6.700 евра годишно.

Во здравството се вработени околу 36 илјади луѓе од кои околу 15 илјади се бели мантили односно луѓе кои обавуваат здравствена дејност, додека оснататите извршуваат административно-техничка дејност.

Во образованието како сектор има 34 илјади вработени од кои 17 илјади се од учител до редовен и вонреден професор во високото образование, а остатокот е административно – технички помошен персонал.

Буџетски плати - 370 милиони евра годишно

Во буџетот за 2012 година за плати и надоместоци за вработените се предвидени 370 милиони евра, додека за капитални расходи се предвидени 440 милиони евра.

Со ваквата состојба во администрацијата се измешани лончињата, различни профили на луѓе во иста дејност спаѓаат под различни закони, а сите земаат плата од државните пари.

Професор Борче Давитковски вели дека за да се направи реформа во администрацијата пред се е неопходно да се направи јасно дефинирање на статусот на луѓето што работат во администрацијата.

„Да ги определиме кои се носители на дејноста, образование, култура, наука, значи оние што ја вршат дејноста, второ колку има административен персонал кој го помага вршењето на таа дејност, исто така колки имаме персонал кој работи како чувари, портири, хигиеничарки, одржувачи на парно кои исто се во функција на дејноста и оние согласно посебниот закон да видиме колку се и да димензионираме.“

Бројот на вработени во администрацијата во изминативе 10-тина години е зголемемен за неколку илјади. Ако во 98-мата година администацијата броеше 94 илјади врабоетни, во 2000-тата 98 илјади, сега, според податоците на министерот Ивановски, таа брои 118 илјади. Дека државата администрација постојано расте покажуваат и податоците од Агенцијата за администарција според кои може да се заклучи дека само во март државата распишала повеќе од 20 огласи за 106 службеници. Според извештајот на агенцијата за администрација во 2010 година биле одобрени 432 согласности за нови вработувања на 3.128 државни службеници.

„Во поглед на јавната администрација кадешто има одприлика 80-90 илјади вработени во однос на вкупната бројка на вработени во стопанството имаме превработеност и не случајно нашиот буџет, шеесет и кусур проценти се употребува за плати, нашиот буџет нема развојна компоненета“, вели Давитковски.

Министерот Ивановски изјави дека сега е започната фазата на проверка во која институција има вишок на вработени, а во која има недостаток со цел да се направи трансфер од една во друга установа.

„За еден да биде преместен од една во друга институција, ако се оди без негова согласност, тогаш треба менаџерот на таа институција да се нафати, значи тој ќе му направи интервју, ако тој процени дека тој не е погоден нема да го презеде во неговата институција. Не е задолжително, не мора, ова е опција, за да се воведе и модерен систем на мобилност во државата. Не е пропишано со закон дека кога ќе се идентификува некои лице како суфицит задолжително да оди во друга институција, не, ќе му се дадат повеќе опции.“

РСЕ: Ако на пример не може да се прекфалификува за друга работа, што ќе се случи со него?

„Ќе си остане каде што е, нема никогаш да биде избркан.“

РСЕ: Без разлика што е вишок?

„Апсолутно. Во моментов не се планира да се избрка со овој закон или да биде отпуштен од работа.“

РСЕ: Тоа значи дека тие и понатака ќе бидат вишок и ќе бидат на товар на буџетот?!

„Значи да појасниме една работа, тоа што во таа институција е идентификувано лицето или работното место како вишок, тоа значи дека ние сега се трудиме да најдеме соодветно место. Можеби во овој момент нема да се најде соодветно место, но ќе излезе друга иституција која ќе бара таков персонал и ќе го предложиме тој персонал.“

Опозицискиот СДСМ смета дека новата мерка на владата со која се предвидува трансфер на вработените во администрацијата создава опасност од пресметка со теканаречениот „неподобен кадар“.

„Како да ги стават во „Бункер“ така кажано, можеби нема да ги отпуштаат од работа, меѓутоа ќе ги тргнат сите оние кои не им одговараат, далеку од сферите на одлучување и она што им била досегашна работа. Тоа не е начин на градење на професионална администрација тоа е еден пролетерски упад во институциите која го прави оваа власт и за жал голем дел од институциите во државата се уништени,“ вели генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.

Тој додава дека администрацијата во изминативе 6 години е „напумпана“ со партиски војници и дека тоа е одраз на политиката на Владата која се грижи повеќе за сопствениот рејтинг и како да им се додвори на граѓаните наместо да ги подобри состојбите во администрацијата.

А годинава реформите во адинистрација се дел од претпристапниот дијалог на високо ниво на Владата со ЕУ. До следната посета на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во мај, владата ќе треба да ги презентира и плановите како до септември ќе ја подобри сликата за администрацијата.

Професор Давитковски вели дека проблемот со партизираната администрација и избегнувањето на злоупотребата на оваа мерка е конечно да почне да се воведуваат стандарди.

За професионализација и реформа на администрацијата Европската унија во ИПА фондовите превидела во 2007- мата година 2 милиона евра, пари со кои треба да се искористат за обука на кадарот, да се водат јавни дебати пред да се донесе стратегија, развојни политики и рационално управување со човечки ресурси, да се изгради квалитетен сектор за анализи на политики и соработка со невладини организации. Во делот за развој на Агенцијата за админисрација, тогашна агенција за државни службеници, во 2009 година од ИПА фондовите биле испланирани 900 илјади евра. Додека за развој на македонките технички капацитети на инспекторите во ИПА 2011 се превидени еден милион и 275 илјади евра.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG