Достапни линкови

САД ја осудија казната против екс украински министер за одбрана


Валериј Ивашченко

Валериј Ивашченко

Соединетите држави ја осудија пресудата од пет години затвор за поранешниот украински министер за одбрана Валериј Ивашченко. Тој е осуден за злоупотреба на функцијата која ја извршуваше за време на премиерката Јулија Тимошенко која, исто така за злоупотреба на функцијата, се наоѓа во затвор. Таа и Ивашченко ги отфрлија обвинувањата за неосновани. Американската амбасада во Киев денеска оцени дека пресудата претставува уште еден пример на селективна правда во Украина.
XS
SM
MD
LG