Достапни линкови

Бесими: Признание од САД за Македонија за меѓународните мисии


Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

,,Работиме и укажуваме на нашиот интерес и придонес, како и на нашиот пристап да најдеме конструктивно решение за името со кое на претстојниот самит на НАТО во Чикаго би се назначил еден чекор поблиску до членство во Алијансата,, изјави министерот за одбрана на Македонија Фатмир Бесими по средбите во Вашингтон со претставници на Стејт департментот и Советот за национална безбедност. ,,Македонија се појави како можност да биде лидер во организација на работна група за „смарт дифенс“ за земјите од регионот, со конкретни проекти да ги зголемиме регионалните капацитети за придонес во меѓународните мировни мисии,, изјави Бесими за Гласот на Америка, додавајќи дека на консултациите било истакнато дека стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија е од голема важност во одбраната во смисла на одржување на стабилноста и на економскиот просперитет. Станало збор и како Криволак со инвестициска помош да стане регионален центар за обука.
XS
SM
MD
LG