Достапни линкови

Петмина застрелани кај скопско Смилковци


Архивска фотографија
Архивска фотографија

Полицијата потврди дека станува збор за убиство на 4 момчиња и на еден возрасен човек.

Полицијата официјално потврди дека синоќа околу 22:30 часот од страна на рибари биле пронајдени тела на пет лица во близина на селото Смилковци. По наредба на истражен судија екипа на МВР извршила увид на местото при што биле забележани чаури околу мртвите, како и повреди од огнено оружје по телата на убиените.
Увидот на криминалистичката полиција, јавниот обвинител, истражен судија и екипи на судска медицина завршил во раните утрински часови, по што телата биле пренесени во институтот за судска медицина. Од институтот велат дека нивни екипи во моментот работат на обдукција на телата.

Според првичните информации станува збор за четири лица на возраст од 20 години и едно над 40 години.

Увидот на криминалистичката полиција, јавниот обвинител, истражен судија и екипи на судска медицина завршил во раните утрински часови, по што телата биле пренесени во институтот за судска медицина. Од институтот велат дека нивни екипи во моментот работат на обдукција на телата. Во интерес на истрагата и на семејствата екипите ќе работат се додека не заврши обработката на телата, по што истражните органи да добијат што повеќе релевантни податоци.

Според информациите на очевидците во дел од медиумите момчињата со два автомобили заминале на ловење риби.Се уште е непознато што се случило во меѓувреме, кој и зошто стрелал во нив. Според сведоштвата на жителите на Црешево, кои вчера биле на местото каде што се случи петкратното убиство, жртвите биле рибари кои често доаѓале да рибарат на езерото. Еден од нив, живел во Црешево, а останатите во Бутел и Радишани.

МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на жртвите, причините за убиството, како и целосно расветлување на случајот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG