Достапни линкови

logo-print

5 лица пронајдени мртви кај скопското село Смилковци



Синоќа, во близина на езерото кај скопското село Смилковци, се пронајдени мртви 5 лица, од кои 4-ца на околу 20 годишна возраст, а еден на околу 40 години. Според првичните информации од МВР, телата ги пронашле рибари околу 22.часот и 30 минути. По наредба на истражен судија, екипа на МВР извршила увид на местото, при што биле забаележани чаури и видливи повреди на телата на починатите, кои се предадени на обдукција. МВР соопшти дека превзема мерки за утврдување на идентитетот на жртвите и за целосно расветлување на случајот.
XS
SM
MD
LG