Достапни линкови

logo-print

Опозицијата во Сирија повика на масовни протести


Опозицијата во Сирија повика денеска на масовни протести, што се смета за голем тест на кршливото примирје. Вчера, на првиот ден од примирјето меѓу владините сили и бунтовниците, беше релативно мирно, но денеска активисти јавуваат за судири во близина на границата со Турција.. Во Советот за безбедност на Обединетите Нации се очекува денеска да биде усвоена резолуција за испраќање на 30 посматрачи кои би го надгледувале спроведувањето на планот за мир во Сирија, предложен од специјалниот пратеник Кофи Анан. Сирија соопшти дека ќе ги прифати посматрачите.
XS
SM
MD
LG