Достапни линкови

Британскиот премиер во посета на Мјанмар


Британскиот премиер Дејвид Камерон пристигна денеска во еднодневна посета на Мјанмар, каде што ќе разговара со претседателот на таа земја, како и со опозиционата лидерка Аунг Су Ки. Пред пристигнувањето, Камерон изјави дека Велика Британија ќе го подржи натамошното олеснување на санкциите против таа земја доколку продолжи со реформите. Мјанмар со години беше под санкции од Западот поради кршењето на човековите права од страна на воената хунта. По изборите во 2010-та година, почна процес на демократизација во Мјанмар.
XS
SM
MD
LG